Министерството за земјоделие ќе изврши обесштетување на 16.000 земјоделци, за штетите од ланските доцни пролетни мразови

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство треба да обесштети над 16.000 земјоделци кои беа погодени од минатогодишните доцни пролетни мразови, кои направија огромна штета на овошните и лозовите насади, како и на останатите култури, а во дел од државата и воопшто немаа род.

На средба со земјоделците од источна Македонија, министерот Љупчо Николовски соопшти дека исплатата ќе се изврши наскоро. Истата е задоцнета поради обемноста на постапката која требало да ја завршат сите институции.

При посетата, Министерот појасни и дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Денес, Владата на седница ќе донесе одлука за износот на процентот на обесштетување, а веднаш потоа ќе биде реализирана и исплатата.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password