Ако не врати 150 илјади евра, Општина Дојран оди на црната листа на ЕУ

Општина Дојран може да биде ставена на црната листа на ЕУ, со забрана за користење средства од евро-фондовите, ако набргу не врати 150 илјади евра.

Се работи за проектот за заштита на Дојранското езеро од 2014-та година, за што Дојран и Кукуш од Грција добија околу 502 илјади евра, а го завршија во 2016 година. Проектот беше потпишан и реализиран од поранешниот градоначалник, Борче Стамов.

ЕК бара општината да ја врати сумата европски пари, бидејќи констатирала прекршување на условите за избор на фирма за реконструкција на пречистителната станица од програмата за прекугранична соработка со соседна Грција.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, потврди дека општината има долг кон ЕУ, наследен од неговиот претходник Борче Стамов кој не успеал навреме да најде решение.

Министерот за финансии Тевдовски и премиерот Заев веќе разговарале за можните решенија со долгот на Општина Дојран. На некоја од следните владини седници се чека да биде донесена одлука, со која би се избегнало ставањето на Општината на црната листа на ЕУ за користење пари од европските фондови.

Извор: СДК

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password