Во утрешната акцијата за чистење и разубавување на Дојран ќе учествува и Премиерот Зоран Заев

Утре (05.05.2018), во Дојран, ќе се спроведе акција за чистење, разубавување и хортикултурно уредување.

Приоритет на акцијата ќе биде чистење на пешачко – рекреативната патека и хортикултурно уредување долж истата.

Акцијата ќе започне во 9.45 часот пред општинската зграда во Стар Дојран.

Кон акцијата за почиста и поздрава животна средина ќе се приклучи и Премиерот Зоран Заев, придружен од Министерот Љупчо Николовски, заменик министерот Јани Макрадули и советникот Драган Јованов.

Во наредниот период еколошки акции ќе се спроведат и во останатите населени места од Општина Дојран.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password