Вчера, во официјална посета на општина Дојран беше амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец

Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец и советникот на конзулот, Грегор Клеменчиќ, вчера беа во работна посета на Општина Дојран.

При посетата, Градоначалникот Ангов ги запозна гостите со економските, трговски и културни можности на општина Дојран, за тековните проекти, моменталната состојба на општината и идните планови, а дискутираа и за заемната соработка помеѓу двете земји на сите полиња.

Наскоро општина Дојран ќе се збратими со некоја од општините во Словенија со која би се детектирале најголем број на сличности и заемни интереси и предизвици.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password