90-годишната Добрила ги освои срцата на публиката и ја понесе наградата од регионалното талент шоу во Дојран

Добрила Ивановска Чабриќ, деведесетгодишната дојранчанка, победи во регионалното талент шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа, според публиката која гласаше по пат на СМС, освои најмногу гласови и го понесе престижниот трофеј во Дојран.

Најстарата и харизматична учесничка во третата сезона од шоуто, ексклузивно за Гранд телевизија рече дека нејзиното време допрва доаѓа.

Како победници од пејачкото натпреварување за ветерани излегоа и Ромео Николиќ, кој ја понесе наградата од стручното жири и, Неврес Хаџиќ Гога кој освои најмногу гласови од фановите – корисници на Фејсбук.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password