Водата во езерото безбедна за капење

Според последните испитувања на примероците од вода земени од плажите Полин, Гранико и Градската плажа покажаа одлични резултати на сите испитани параметри од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

Ова е второ испитување на водата кое врати со досега најдобри резултати.

„Почитувани сограѓани и туристи, според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин” и плажата „Гранико” е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето. Од почетокот на летото ова е второ тестирање на езерската вода со сосема исти резултати кои ја истакнуваат нејзината одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.“, изјави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов на својата Фејсбук страна.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password