Авионското прскање против комарци кое требаше да се изврши утре е презакажано за во недела

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање кое беше одложено поради лошите временски услови ќе изврши на 01.07.2018 година (недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 02.07.2018 година (понеделник) во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password