Ќе се плаќа акциза за домашно произведената ракија од казани

Според новиот Закон за акциза, земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци, во текот на годината смеат да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Според овој закон, земјоделците кои дома произведуваат ракија и ја продаваат, стануваат акцизни обврзници. Како што е наведено во новите измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок и тоа со просечна јачина од 45 отсто.

Исто така, земјоделците кои сакаат да произведуваат и продаваат ракија мора да се регистрираат во Царината и да го известат царинскиот орган кога ќе почне процесот. Земјоделците се должни да соопштат точен датум и време на производството без прекин, местото на дестилирање, видот на овошјето кое ќе се дестилира, количина на комина и очекувана количина на жесток алкохолен пијалок, но и планирана количина на акцизни марки.

Измените на законот ги обврзуваат земјоделците да ги пакуваат произведените количини во садови со зафатнина најмногу до 5 литри, за крајните купувачи и за продажба во угостителски објекти. Додека пак, акцизата ќе се плаќа откако ќе заврши производството со поднесување акцизна декларација, при што треба да се подигнат и акцизните марки.

Со новиот закон воведена е и категорија за мали дестилерии и се однесува на независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалоци за комерцијални цели. Во тој случај, производителот мора да произведува најмногу 2.000 литри годишно производство на алкохол. За ваквиот случај акцизата е намалена во однос на вообичаената која се плаќа за пиво, вино и други алкохолни производи и изнесува 50 отсто од пропишаната.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password