Сугарески од Дојран: Владата ќе ги поддржи и финансира приоритетните проекти на општина Дојран

При посетата на општина Дојран, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дополнителни 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта и над 100 милиони евра кои ќе се инвестираат во водоводна и канализациона мрежа.

Тој оствари средба и со првиот човек на општина Дојран – Анго Ангов, со кој разговараа за потребите на општината како и приоритетните проекти, како изработка на урбанистички планови, развивање на туризмот, привлекување странски инвестиции и подобрување на патната и комуналната инфраструктура.

Градоначалникот Ангов на средбата истакна дека асфалтирањето на локалниот пат Дојран – Црничани ќе биде завршено на почетокот од идната година.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password