Малите фудбалери од Фурка го освојуваат Југоистокот

Малите фудбалски надежи од екипата на „Дева Шпед“ – Фурка оваа година ја одбележаа со големи освојувачки потези, претставувајќи ја општина Дојран на сите турнири кои се одвиваат на Југоистокот. До денес имаат одиграно 4 турнири и 5 освоени први места а во петок ќе играат во уште едно финале на турнирот „Мирче Костов“ – 2018-та, Богородица. На последниот турнир каде што го очекуваат финалето, надежите на овој тим се во три категории, поради зголемениот обем на децата но и според нивната возраст. Тие се во финалето со сите три категории.

Освен деца од Фурка, тимот го сочинуваат и деца од с.Јосифово, Струмица, Валандово, с.Николиќ и Богданци. Екипата од Фурка е поделена во повеќе категории бидејќи се состои од преку 60 деца. За да може да прави се поголеми успеси, транспортната компанија „Џокер“ од Фурка прифати да ја води екипата под нивно име, возвраќајки со покривање на сите нејзини трошоци.

Оваа екипа е создадена благодарение на младите Кире Јованов и Кристијан Ристов, кои на само 21 година ги прифаќаат големите обврски кои со себе ги носи формирањето на голем тим од 60 деца, за само една година.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password