Градоначалникот Ангов присуствуваше на официјален настан во Владата на Република Македонија

Градоначалникот на општина Дојран – Анго Ангов денеска беше во Владата на Република Македонија. Тој присуствуваше на официјалниот настан по повод потпишувањето на договорот за национално кофинансирање на проекти од првиот повик за предлог проекти финансирани од Интерег ИПА програмата, за прекугранична соработка со Грција 2014 – 2020-та година.

Општина Дојран учествува во два прекугранични проекти. Партнери во овие проекти се општина Кукуш и општина Серес од соседна Република Грција.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password