Се одржа акција за разубавување на централното градско подрачје во Дојран

Во Дојран се одржа акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје, од страна на учениците од О.О.У „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, во соработка со општина Дојран. Целта на оваа акција е да се подигне свеста кај најмладите за хигиената и за значењето на животната средина.

Ова случување е предвесник на настанот кој е закажан за во петок, 12.10.2018-та година а поводот е Европскиот ден за соработка во рамки на Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка со соседна Република Грција.

Претстојниот настан ќе биде спроведен со финансиска поддршка во рамките на Интерег ИПА Програмата, оддавајќи посебно внимание на соработката помеѓу Националното тело и Управувачкото тело во Програмата.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password