На граничниот премин Дојран запленети 26 парчиња црковни производи

Во текот на изминатата недела, Царинската управа открила повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што, меѓу другото, запленети се марихуана, цигари, облека и парфеми.

На граничниот премин Дојран, при контрола на босански камион, пријавен за влез во државата, царинските службеници откриле 26 парчиња разни црковни производи и тоа: ѕидни лустери, кандила, пехари, крстови, украсни кутии, дрвени украсни сталажи и еден комплет за причест.

Непријавените производи биле пронајдени во една преграда и над горниот кревет во кабината, како и во сандакот за сместување палети и истите привремено се задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password