Поради загадениот воздух зимскиот распуст продолжен за два дена

Поради континуирано зголемените загадувачки честички во воздухот во повеќе градови низ земјава, Владата на Р.Македонија донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, па наместо од денес, 21.01.2019-та (понеделник), второто полугодие ќе почне од среда, 23.01.2019-та година. Од Владата велат дека доколку продолжи високата концентрација на загадувачки честички, ќе излезат со ново соопштение.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија и е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Училиштата ќе бидат во функција, но учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, пред сѐ, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата и врз нејзина основа а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст, по 23.01.2019-та.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password