Од денес започна второто полугодие во сите училишта во земјава

Денес (23.01.2019-та) започна второто полугодие во сите јавни и приватни основни и средни училишта во земјава, откако Владата на Р.Македонија информираше дека од денес се укинуваат мерките против загадувањето за сите градови освен за Струмица.

Во своето соопштение Владата истакнува дека почетокот на второто полугодие е согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.

Одлуката на Министерството за образование и Владата на Р.Македонија да се продолжи времетраењето на зимскиот распуст за два дена, беше токму поради континуираното загадување на воздухот, како и метеоролошките прогнози. Оттаму известија дека и по 23-ти јануари ќе се следи состојбата со загадувањето на воздухот.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password