Шеќеринска од Валандово: членството во НАТО ќе овозможи поголеми перспективи за домашните компании

Министерката за одбрана и вицепремиер – Радмила Шеќеринска денеска беше во официјална посета на Валандово. Таа оствари средба со градоначалникот – Перо Костадинов, со кој разговараа за сите проблеми со кои се соочува локалната заедница, ја посети Противпожарната единица и оствари средба со бизнис секторот од регионот, на кој пристуствуваа и градоначалниците на Дојран, Гевгелија и Богданци..

Шеќеринска за медиумите изјави дека можноста за членството во НАТО го гледа како шанса да и се помогне на македонската економија, како и на економијата во Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран и дека тоа е шанса за компаниите кои имаат поголеми перспективи ако се добри извозници и ако светот ги гледа како компании од безбедна и стабилна држава. Според неа, членството нуди шанса во позитивно светло да се претстават македонските компании, но и шанса за создавање на повеќе а подобро платени работни места.

Таа истакна дека очекува во следните две недели Македонија да си го заземе своето место на НАТО масата и тоа веднаш да има позитивни реакции и во домашниот бизнис и во интересот на странските инвестиции. Веќе 4 компании донеле одлука да инвестираат во Македонија откако беше ратификуван договорот. На овој начин сакаме да ја направиме државата подобро место за живот – вели вицепремиерката.

На прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори Шеќеринска истакна дека дискусијата е започната од минатито петок и дека ќе се анализираат аргументите за и против, кои ги има многу. Додека пак на прашањето дали таа ќе биде официјален претседателски кандидат, рече дека најважно е стопроцентно да ги извршуваат своите обврски кои треба да се завршуваат и само на тој начин ќе се оди напред.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password