Нови 30 унгарски полициски службеници вчера пристигнаа на јужната граница во Дојран

Унгарската амбасада во Скопје објави соопштение во кое вели дека вчера во Дојран пристигнал 34-от полициски контингент од 30 полициски службеници, со цел да им помогне на локалните полициски власти во борбата против нелегалната миграција и трговијата со луѓе.

Како што велат од унгарската амбасада, Унгарија е посветена да им помага на локалните власти и ќе продолжи да обезбедува полициска помош, се додека Македонија има потреба од тоа.

Досега повеќе од 700 унгарски полициски службеници служеле во Македонија, од почетокот на заедничките активности на јужната граница во 2016-та година.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password