Стартува вториот меѓународен „Пандев Куп 2019-та“

На 21.02.2019-та година (четврток) со учество на 74 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Романија, започнува вториот по ред, меѓународен „Пандев Куп 2019-та“. На турнирот ќе земат учество над 1.500 дечиња во пет различни категории, што го прави најголем и најспектакуларен турнир во земјава.

Тие ќе се натпреваруваат во 4 групи од по 4 екипи, односно 2 групи од по 6 екипи. Турнирот за генерациите 2009-та и 2010-та ќе заврши во недела на 24-ти февруари.

На 28-ми овој месец пак, стартува и натпреварувањето за генерациите 2006-та, 2007-ма и 2008-ма. Овие млади фудбалери ќе се натпреварувааат на терените во Струмица и Дојран, а турнирот ќе биде затворен на 3-ти март.

Интересот на голем број екипи од повеќе земји го потврдува и фактот дека „Пандев Куп“ под водство на фудбалерот Горан Пандев, ќе прерасне во традиција. Ова лето на истиот турнир кој ќе се одржи за повозрасни категории ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји.

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019-та“ е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, како и општина Струмица и општина Дојран.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password