Штандот на Општина Дојран меѓу најпосетените на саемот за туризам во Белград

Дојранското слатко од зелени смокви, слаткото од киви, маслинките, фригованата риба, виното и интересниот промотивен материјал, се магнет за посетителите на саемот за туризам во Белград, каде што деновиве со свој штанд е и општина Дојран.

Интересот за Дојран е огромен и штандот е еден од најпосетените на саемот – велат од општината.

Општина Дојран имаше презентација во која пред голем број излагачи и посетители го промовираше видеото во кое е претставен целокупниот туристички потенцијал на општината.

Градоначалникот Анго Ангов изрази благодарност до сите жители на Дојран кои работат во областа на туризмот и доставија сопствен промотивен материјал. Истиот е поставен на штандот и интересот за него е неверојатен.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password