Значителен успех на натпреварот по природни науки за учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран

На регионалниот натпревар по природни науки, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран од IV, V и VI одделение, заедно со нивните ментори, повторно постигнаа значителни успеси и тоа:

Ведран Делиџаков (IV одделение) – освоена III награда, ментор Марија Гугова Стоева;
Сара Катранџиева (IV одделение) – освоена III награда, ментор Мара Пејкова и
Гроздана Дончовска (IV одделение) – пофалница, ментор Мара Пејкова.

Васил Стоев и Љубица Делева (V одделение) со нивниот ментор Николинка Ѓоргиева добија пофалници.

Теона Ана Ѓоргиевска (VI одделение) – освоена II награда, ментор Гордана Терзиева;
Мартин Тунев и Георгина Христова (VI одделение) добија пофалници, ментор Николинка Ѓоргиева.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password