МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци во осум градови и четирите Регионални центри за гранични работи

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 нови полицајци во 8 градови во земјава и тоа: Скопје, Куманово, Струмица, Охрид, Штип, Битола, Тетово, Велес, како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.

Во Регионалниот центар за гранични работи Југ, предвидено е да се вработат 50 нови извршители.

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се: да е државјанин на Р.Македонија, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е психофизички способен, да нема изречено казна забрана за вршење професија или дејност, со правосилна пресуда.

Посебни услови: потребна висина од најмалку 175 цм за мажи и 165 цм за жени, висока физичка подготвеност.

При аплицирањето потребно е кандидатите да достават во оригинал или копија заверена на нотар: извод од матичната книга на родени, диплома за завршено четиригодишно средно образование, доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, две фотографии со димензии 3,5 x 4,5.

Постапката за селекција ја врши Комисија за избор на кандидат за полицаец, а селекцијата се спроведува во неколку фази: административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности, психолошки тест, писмено тестирање, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Јавниот оглас МВР го објави денес, на 13.06.2019-та година.

Детални информации за јавниот оглас на следниот линк.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password