Претставници од општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин – Хрватска

Претставници од општина Дојран, меѓу кои градоначалникот Анго Ангов и Претседателот на Младинскиот Советот на Дојран – Ристо Џинев, се во тридневна посета на збратимената општина Медулин – Р.Хрватска, по повод општинскиот празник на Медулин – 12-ти јуни.

Тие вчера беа свечено пречекани од градоначалникот на Медулин – Горан Буиќ каде им беше презентирана програмата за нивниот престој овде.

Ангов се заблагодари на убавиот прием во општина Медулин, наведувајќи дека му е задоволство да соработува со општина од која можат да се стекнат искуства од различни подрачја, земајќи ја во обзир нејзината развиеност. На својот колега, Ангов му подари плакета со грбот на општина Дојран, како спомен од нивната посета.

Соработката помеѓу овие две општини трае веќе 7 години, од потпишувањето на договорот за збратимување во  2012-та година.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password