Утре започнува деветтиот „Д-фестивал“ во Дојран, со над 50 изведувачи на програмата

Утре (12.07.2019-та година, петок) започнува 9-тото издание на фестивалот на најголемиот фестивал на отворено во земјава – „Д-фест“ во Дојран.

Над 50 музички изведувачи, во тридневна програма, од 12-ти до 14-ти јули, ќе настапат на 6 музички бини, како и над 100 уметници и креативци кои ќе учествуваат во голем број активности, перформанси и работилници, кои ќе се одржуваат на окоу 20 зони, како и во фестивалскиот камп.

Освен големиот број на музички настсни, годинава за време на „Д-фест“ ќе се одржуваат и различни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби, катчиња за забава, фестивалска масажа и уште многу други.

Како млад фестивал на отворено, „Д-Фест“ за првпат се одржа во 2011-та година.  Благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисти од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера и претставува единствено искуство за вистинските љубители на фестивалите на отворено.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password