Приведени две лица во обид да пренесат марихуана преку граничен премин Стар Дојран

На 22.07.2019-та година на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с.Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.

Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од земјава  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password