Поведена постапка против двете лица кои превезуваа дрога на граничниот премин Стар Дојран

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 22.07.2019 година лице на возраст од 32 години во товарно моторно возило со полуприколка неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 9.855 грама. Во вршењето на кривичното дело со умисла му помогнал вториот осомничен ставајќи му на располагање средство за извршување на кривичното дело.

Двајцата обвинети од гостиварско беа фатени на граничниот премин на 22-ри јули, во обид да ја пренесат дрогата преку граница. Тие дрогата ја спакувале во 20 полиетиленски пакувања, сместени во 2 торби и 1 куфер.

Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетите како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password