Дојран се подготвува за тридневниот фестивал „Риба и вино“

Од 9-ти до 11-ти август 2019-та година, ќе се одржува фестивалот „Риба и Вино“ во Дојран, на плоштадот „Под јаворите“ со почеток од 21 часот. Овој фестивал е дел од манифестацијата „Дојрански ракувања“.

На првата вечер од фестивалот ќе настапат: Александар Тарабунов и Eye Cue, втората вечер Елена Велевска и Сузана Гавазова со „Академци“ и на последната вечер од фестивалот, ќе настапат Слаткаристика и 2 бона.

Водителска двојка на фестивалот ќе бидат Ели Танасковска и Зоран Ѓорѓиев.

Инаку, фестивалот ќе изобилува со најразлични дојрански специјалитети од риба, во кои туристите и посетителите ќе имаат можност да уживаат, а ќе бидат подготвени од дојранските угостители. На фестивалот ќе учествуваат и најпознатите македонски винарии.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password