Заев и Борисов ќе се поклонат пред споменикот на Каварналиев денес во Дојран

Премиерите на Македонија и Бугарија – Зоран Заев и Бојко Борисов, денес (01-ви август) ќе се поклонат и положат цвеќе пред обновениот споменик на херојот од Балканските војни – полковник Константин Каварналиев, во Дојран – соопшти бугарскиот БГНЕС.

Бугарскиот премиер најпрво ќе биде пречекан во Владата а целта на неговата денешна посета на Македонија е заедничкото одбележување на двегодишнината од договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Скопје и Софија.

Двајцата премиери во црквата „Св.Спас“ ќе се поклонат и положат цвеќе и на гробот на Гоце Делчев.

Карванлиев кај бугарскиот народ е запамтен по неговите херојски подвизи за време на Меѓу-сојузничката војна, спасувајќи илјадници бугари цивили, кои бегале од грците за време на оваа војна.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password