Се укинуваат квотите за лекови на рецепт во Дојран и другите туристички места

Се укинуваат квотите за лековите на рецепт во аптеките кои се наоѓаат во туристичките места како Дојран, Охрид, Струга, околината на Гевгелија и регионот на Ресен.

Оваа мерка, која треба да се реализира на територијата на цела држава започнува од овие места поради фактот што токму овде флактуацијата на бројот на луѓе кои циркулираат е голема и често жителите на овие градови се соочуваат со недостиг на лекови уште во почетокот на месецот.

Првата фаза на укинувањето на квотите за лековите почнува од месец август во овие региони, а во зависност од Фондот за здравствено осигурување следнатите фази ќе се имплеметираат до крај на месец септември. Ова е првиот чекор кон целосно укинување на квотите. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам.

 

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password