Целосна реконструкција на подрачните училишта во Дојран за 4 милиони денари

Општина Дојран со инвестиција од вкупно 4 милиони денари изврши целосна реконструкција на подрачните училишта во населените места Фурка, Николиќ и Црничани. При реконструкцијата беа преградени нови училници, обновена е фасадата, санитарните јазли, заменети се ѕидните и подните облоги и набавен е соодветен училишен инвентар.

Освен тоа, училиштата се хортикултурно уредени и во нивните дворови е поставена соодветна урбана опрема како и лулашки и реквизити, наменети за учениците од училиштата.

Останатите подрачни училишта се во добра состојба – информираат од општината, а во склоп на О.О.У „Кочо Рацин“ во Нов Дојран продолжува изградбата на спортската сала која треба да биде готова и предадена во функција на почетокот од идната календарска година.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password