Изградба на спортска сала и реконструкција на подрачни училишта:општината реализира капитални проекти

Општина Дојран периодов работи на реализирање на капитални проекти.

Во тек се градежни активности за изградба на спортска сала во склоп на О.О.У „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата, која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка од општина Дојран.

Во исто време, привршува реконструкцијата и уредувањето на подрачните училишта во селата Црничани и Фурка. Конечно, учениците од прво до четврто одделение во овие населени места ќе имаат соодветни и достојни услови за престој и образование, а наставниот кадар ќе може професионално и во современи услови да ја спроведува предвидената училишна програма.

Од општината информираат дека нивен приоритет во работењето и понатаму остануваат најмладите членови во општеството и најавија реализација на уште проекти во блиска иднина, кои ќе го подобрат живеењето и функционирањето на младите жители од Дојран и останатите населени места.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password