Од 1ви укинување на квотите за лекови во околината на Дојран

Укинувањето на квотите на територијата во околината на Дојран започнува од 1ви Октомври.

-Го зајакнуваме нашиот здравствен систем. Ова е само еден сегмент. Го зајакнуваме системот на примарно здравство. Сериозно веруваме дека следната година ќе имаме целосно променета слика со патронажни сервиси кои ќе можат да им даваат услуги на пациентите во домашни услови, со лекови достапни во аптеките ширум државата. Тоа ќе значи поквалитетен здравствен систем, полесен пристап до здравствена услуга и задоволни пациенти, изјави министерот Филипче.

Со оваа мерка додава министерот на пациентите ќе им се овозможи полесен пристап до потребните лекови а со тоа и ќе се рационализира користењето на лекови и непотребното трупање на залиха на лекови кои не се толко потребни наспроти оние кои им се потербни на граѓаните.

На рецептот го има името и презимето и единствениот матичен број на осигуреникот на кого е препишан лекот. Доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш го подигнува друго лице во негово име чиј број на лична карта се запишува на рецептот. На овој начин точно ќе може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани. Со оваа мерка, граѓаните ќе имаат лекови во кој било период од месецот, додава Министерството.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password