На денешен ден почина легендата на македонскиот фудбал Благој Истатов

На денешен ден, минатата 2018-та година, на 72-годишна возраст почина легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал, Благој Истатов.

Благој е роден на 5 април 1947 година во Струмица. Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.

За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.

Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.

Во последните години од животот Истатов живееше во Дојран, каде основа фудбалска школа, а во 2010 година истото го направи и во Струмица (Градско Балдовци).

Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка.

Како бизнисмен го поседуваше и Хотел „Истатов“ во Нов Дојран.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password