Сом од 50 килограми уловен во Дојранското езеро

Младите риболовци од Струмица, Никола Полизовски и Александар Христоманов, на Фејсбук споделија фотографии од нивниот трофеен улов.

Се работи за сом со тежина од 50 килограми уловен во Дојранското езеро.

Тие на Фејсбук напишаа „Денеска имавме среќа да ни удри трофејна риба во преубавото Дојранско езеро и тоа, во судиското продолжение. Носеше, тресеше некои 15-20 минути, па со одлучно прифаќање со двете раце во уста си влезе во чамец. Вагата застана на 50 килограми. Поздрав и бистро на сите“.

 

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password