Извршено порибување на Дојранското Езеро

Градоначалникот на Општина Дојран г-дин Анго Ангов, Директорот на земјоделскиот инспекторат г-дин Зоран Шапуриќ заедно со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство извршија порибување на Дојранското Езеро.

Согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура, порибувањето претставува добро од јавен интерес во областа на рибарството. Порибувањето на риболовните подрачја и риболовните зони го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  преку регистрирани репроцентри.

Водите на Дојранското езеро се порибуваат согласно риболовата основа за риболовното подрачје Дојранско Езеро.

Заради зачувување и зголемување на рибниот фонд, Владата на Република Македонија, во годишните програми за финансиска поддршка предвидува мерки и обезбедува финансиски средства за изведување на вештачки мрест и порибување на риболовните подрачја и риболовните зони.

И оваа година во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата е предвидена мерка за порибување на Дојранското Езеро со средства во вкупен износ од 800.000,00 денари. За изведување на порибувањето министерството склучи договор со регистрираниот репроцентар Акватика ДООЕЛ – Неготино кој имаше обврска да произведе 50 000 единки подмледок од крап меѓу 7 и 15 грама согласно динамиката на активности.

Инаку, Дојранското Езеро и во изминатиов период (2011-2015 година) беше порибувано со околу 1500 килограми подмладок од крап на годишно ниво, во зависност од обезбедените средства и порибителен материјал. Порибувањето го реализираа регистрираните репроцентри УКИМ Институт за сточарство – Скопје и Акватика ДООЕЛ – Неготино.

Сето ова претставува реализација на заложбата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за достигнување на резултатите од времињата кога, според податоците, Дојранското Езеро беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа, стои во соопштението од Општина Дојран.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password