Вечерва ќе се одржи традиционалната 15. „Дојранска софра”

Вечерва, 30. ноември, во хотел „Истатов” во Нов Дојран, Здружението на жени „Дојрана” ја организира традиционалната манифестација „Дојранска софра”.

И годинава посетителите и сладокусците ќе можат да ги пробаат извонредните дојрански специјалитети подготвени на традиционален домашен начин.

Покрај изобилието од вкусна храна, гостите ќе уживаат и во прекрасна музичка програма и забава преку која ќе дојранчанки ќе се обидат да ја пренесат традицијата на помладите генерации.

Влезот за настанот чини 500 денари.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password