Повторно чистена дивата депонија на улица „Едвард Кардељ” во Нов Дојран

Екипите на ЈПКД „Комуналец – Полин” повторно спроведоа акција за чистење на малата дива депонија на ул. „Едврад Кардељ“ во Нов Дојран создадена од страна на несовесни граѓани.

Од депонијата се подигнати големи количини на градежен шут, електрични апарати и зелен отпад.

Ова не е прв пат да се интервенира на истата локација и затоа апелираме до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password