Извршен технички прием на спортската сала при ООУ „Кочо Рацин” – Дојран

Денеска беше извршен технички прием на спортската сала при основното училиште „Кочо Рацин” во Нов Дојран.

Како што изјави Градоначалникот Ангов, спортската сала конечно ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование за учениците од основното училиште.

Покрај образовната корист, спортската сала ќе биде ставена на располагање на хотелиерите за збогатување на туристичката понуда, а ќе биде биде достапна за спорт и рекреација и за жителите од општината.

Спортска сала која е изградена на дворна површина на училиштето „Кочо Рацин” е со површина од 650м².

Инвестицијата за реализација на проектот изнесува 24 милиони денари, а обезбедени се преку Банка за развој при Совет на Европа и Буџет на Р.Македонија, спроведена преку Министерство за образование.

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password